Поврзете се со нас

Боречки спортови

Бруталноста му е навика: УФЦ борецот Хамзат Чимаев му го смени личниот опис на сопствениот џип!

Објавено

на

УФЦ борецот Хамзат Чимаев се најде во ударните вести, но овој пат во неговите раце настрада сопствениот автомобил, кој му беше подарок од чеченскиот лидер Разман Кадиров.

Неговата појава минатата година со три победи во само два месеци го етаблираше како нова ѕвезда на октагонот, особено што има слични корени како поранешниот шампион на оваа серија.

Сторијата што ја пренесуваат руските медиуми вели дека тој добил сличен подарок како и Хабиб Нурмагомедов од Дагестан, иако во УФЦ борбите настапува под знамето на Шведска.

Подарокот е од чеченскиот лидер, Разман Кадиров, кој со ова дефинитивно се етаблира како голем симпатизер на овие борци, му бил врачен во јануари оваа година, додека Нурмагомедов подарокот го добил по тримфот над Мекгрегор во 2018 година.

Од автомобилот сега е останата руина, откако е соопштено дека Чимаев излетал од патот и ја развалил банкината надвор од главниот град на Чеченија, Грозни. За негова среќа, тој е неповреден во оваа незгода.

Се очекува Чимаев наскоро да има нова борба во УФЦ, но бидејќи зимава беше заболен од Ковид-19, тоа враќање е одложено за извесно време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни