Поврзете се со нас

Шпанија

Брутално издание на клубот од Каталонија: Џирона испорача „седумка“ за крај на историската сезона во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/LaLigaEN

Екипата на Џирона со неверојатна партија ја заокружи историската сезона за нив во шпанската Примера, сезона која ја завршува на третата позиција и обезбеден пласман во Лигата на шампионите.

Избраниците на Мичел во завршната рунда ја уништија Гранада која го напушти „Монтоливи“ со седум парчиња во својата мрежа (7-0).

Домашните фудбалери водеа со 3-0 по првиот дел со погодоците на Гарсија, Циганков и Довбик за да по одморот повторно во акција биде Џирона која преку Циганков и Довбик испорача уште три погодоци, а во листата на стрелци се запиша и ветеранот Стуани.

Со ова Украинецот, Довбик изби на првото место на листата на стрелци во Ла Лига со 24 голови, поточно има еден повеќе од напаѓачот на Вилјареал, Серлот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни