Бруталниот Маркез го испрати Лоренцо во пензија со нова победа за крај на сезоната (Видео)

markez-valensija

Марк Маркез уште еднаш потврди дека е недопирлив во овој момент во Мото ГП шампиопатот, завршувајќи ја сезоната на најдобар можен начин со нова победа со својата Хонда.

Додека Хорхе Лоренцо се мачеше цела сезона и донесе одлука да се повлече од мотоциклизмот, Маркез беше брутално добар со својата Репсол Хонда, па така ова попладне во Валенсија за запиша својата 12-та победа во сезоната во која имаше дури 18 подиуми. Овие бројки доволно гооврат за доминацијата на старо-новиот светски шампион во Мото ГП, кој денеска повторно беше подобар од Квартараро во директниот дуел за првото место. Покрај младиот Фабио, подиумот го комплетираше Џек Милер кој беше одличен и на квалификациите, а меѓу првите десет уште се најдоа Довициозо, Ринс, Вињалес, Мир, Роси, Алеиш Еспаргаро и Пол Еспаргаро.

Лоренцо својата последна трка во кариерата ја заврши како 13-топласиран, позиција која само докажува дека петкратниот шампион е далеку од својата најдобра форма, поради што и одлучи да ја заврши својата богата и трофејна кариера.

Facebook Коментари