Поврзете се со нас

Англија

Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин во ексклузивниот разговор во „Оверлап“ со Гери Невил говореше за неконстантната игра на Манчестер Јунајтед и проблемите кои се провлекуваат со години, а со кои по се изгледа тешко се справува и Ерик Тен Хаг.

Во интересната анкета која ја направија двете легенди на Јунајтед, Гери му ги читаше сите играчи од првиот тим на Јунајтед, а поранешниот капитен имаше за задача да избере кој треба да остане, а кој да си замине по крајот на оваа сезона.

Безобѕирниот Кин се огласи во свое препознатливо брутално издание и немаше добри зборови за дури десет играчи на Јунајтед, од кои дел се и играчи кои беа купени токму од Ерик Тен Хаг.

Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Рафаел Варан, Диого Дало, Џони Еванс, Софијан Амрабат, Кристијан Ериксен, Антони, Марсијал и Санчо се најдоа на црната листа на Кин, кој признава дека не е баш сигурен и за останување на Маркус Рашфорд.

– Да бидам искрен, не сум сигурен ниту за Рашфорд. Не ми се допаѓа целиот пакет. Неговата личност, промените во расположението….. Тој е талентиран играч, но ако не работите напорно и ако имате падови одвреме-навреме, тоа говори дека имате чести проблеми надвор од теренот. Во овој бизнис се бара да се појавувате секоја недела и да бидете константно на високо ниво, – потенцира Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни