Поврзете се со нас

НБА

Брутална партија на ЛеБрон за победа на Лејкерс, Клиперс му ја расипаа рекордната вечер на Јокиќ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс врза и трета победа по ред од почетокот на новата НБА сезона, а главен виновник е ЛеБрон Џејмс кој испорача брутална партија на дуелот со Сакраменто.

Домаќините направија резултатска серија од 21:0 во финишот на третиот и почетокот на четвртиот период и на тој начин го најавија триумфот со резултат 131:127.

Џејмс го заврши натпреварот со 32 поени, 14 скокови и 10 асистенции, додека Дејвис постигнал само поен помалку од својот соиграч. Сабонис со 29 поени бил најдобар реализатор кај „кралевите“.

Кливленд и Бостон остварија гостински победи и се приклучија на друштвото со ефект 3:0 од почетокот на сезоната, додека Денвер загуби на домашен терен од Л.А Клиперс.

Никола Јокиќ постигна 41 поен и рекордни седум тројки во својата НБА кариера, но на крајот промаши и едно слободно фрлање на 20 секунди до крајот, а Клиперс ја искористија одличната вечер на Норман Пауел за комплетирање на важната победа.

Пауел го заврши дуелот со 37 поени, додека Џејмс Харден уфрли уште 26 за составот од Ел-Еј.

Шарлот – Мајами 106:114
Детроит – Бостон 118:124
Вашингтон – Кливленд 116:135
Чикаго – Оклахома Сити 95:114
Мемфис – Орландо 124:111
Минесота – Торонто 112:101
Сан Антонио – Хјустон 109:106
Фeникс – Далас 114:102
ЛА Лејкерс – Сакраменто131:127

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни