Поврзете се со нас

Свет

Брутална интервенција: Митревски и со глава бранеше против Спортинг (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Порто на одличен начин ја најави новата сезона и тоа со триумф во Супер Купот на Португалија, трофеј до кој дојде со победи над големите ривали Бенфика и Спортинг.

Прво во полуфиналето ја реши Бенфика со 29-24 за да во финалето биде подобар од Спортинг со 34-29. Значајна улога во овој резултат имаше нашиот репрезентативец Никола Митревски кој беше на своето посакувано ниво со тоа што во дуелот за пехарот имаше една страшна интервенција.

Митревски е познат по тоа што никогаш не се штеди и прави се за да го одбрани својот гол, па така во вториот дел со глава успеа да го одбрани ударот кој по една контра го испрати Жозе Гарсијас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни