Поврзете се со нас

Англија

Брутална гол разлика на последните четири меча во Премиер лигата: Разиграниот Арсенал повторно броеше до шест (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал влезе во мала криза на крајот на 2023-та година и го испушти првото место, но во последно време влезе во неверојатна форма и тоа го покажа и на гостувањето на „Брамал Лејн“.

„Топчиите“ бележат страшна гол серија на последните четири меча во Премиер лигата и постигнаа 21 гол и примија само еден, низа која беше продолжена со нова победа изразена со резултат 0:6.

По добиеното дерби против Ливерпул, Арсенал на четири меча во серија постигна барем по четири гола на сите одиграни натпревари, или поточно шест против Вест Хем, пет против Барнли, четири против Њукасл и вечерва шест против Шефилд Јунајтед.

Арсенал немаше милост на „Брамал Лејн“ и почна да го празни стадионот по само 25 минути игра, период во кој гостите успеаја да постигнат три гола во мрежата на домаќините.

Одегард, автоголот на Богл и Мартинели беа доволни за навивачите да почнаат да ги напуштаат трибините, а до крајот на првиот дел во листата на стрелците се запишаа и Хаверц и Рајс.

На стартот на вториот дел, Вајт ја продолжи серијата и Арсенал стигна до шести гол, но сепак тука застана и натпреварот заврши 0:6. Со ова, гол статистиката на Арсенал на последните четири меча изнесува 21:1, па сега „топчиите“ имаат подобра гол разлика и од Ливерпул и Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни