Поврзете се со нас

Англија

Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата

Објавено

на

Премиер лигата и оваа сезона како и годините наназад даде еден тим кој е вистинско изненадување на сезоната.

Станува збор за тимот на Вест Хем кој изминатите години до крај грчевито се бореше за опстанок, а оваа сезона до крај ќе се бори за излез во Европа и пласман во Лигата на шампионите.

Токму поради тој податок, тренерот на Њукасл, Стив Брус верува дека Дејвид Мојс дефинитивно заслужува да ја добие наградата за најдобар менаџер оваа сезона во Премиер лигата.

– За мене Мојс веќе е менаџер на годината без оглед што и да се случи. Го држи тимот меѓу тимовите кои ќе изборат пласман во Лигата на шампионите на седум натпревари до крајот и тоа е неверојатно достигнување, -изјави Стив Брус кој со Њукасл овој викенд ќе се обиде да му ги расипе плановите на Мојс за пласман во Лигата на шампионите со цел да обезбеди опстанок со својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни