Поврзете се со нас

Англија

Бруно застана во одбрана на „виновниците“ за головите на Ливерпул: Не треба да издвојуваме никого

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед доживеа убедлив пораз од Ливерпул на домашен терен, а фудбалерите на Ерик тен Хаг повторно направија грешки со кои му овозможија на противникот да испорача брутална казна на спротивната страна.

Касемиро и Мејну беа фудбалерите кои погрешија во средината на теренот и активираа брзи напади во транзиција на противникот, но капитенот Бруно Фернандеш вели дека поразот е колективен неуспех и не треба да се вперува прст во одредени фудбалери.

– Кога ќе примиш гол, не можеш да кажеш дека е направена само една грешка.

– Која е поентата да кажеме дека Касемиро или Мејну ја загубиле топката, тие ја загубија топката бидејќи сакаа да бидат храбри, тоа е дел од фудбалот.

– Касемиро е поискусен од мене, го познава добро фудбалот, има искуство во двата најголеми клубови во светот. Треба да гледаме напред и да бидеме поефикасни во нападот, – рекол Фернандеш.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни