Англија
Бруно за новиот португалски бисер: Би сакал да го имам блиску до мене во Јунајтед

Бруно Фернандеш без никаков сомнеж е најдоброто засилување кое го имал Манчестер Јунајте во последните десет години, па поради тоа, оперативците на клубот се почесто гледаат перспективни фудбалери од Португалија и скаутираат играчи кои допрва треба да се покажат во вистинско светло.
Капитенот на Манчестер Јунајтед е клучен дел и од португалската репрезентација која е исполнета со голем број фудбалски таленти, а последниот е Жоао Невеш кој почна да добива шанси во Бенфика по заминувањето на Енцо Фернандез, па неодамна стана и репрезентативец.
Талентираниот фудбалер на Бенфика е новиот португалски бисер и дебитираше за националниот тим на средбата во Босна и Херцеговина пред еден месец, но доби неколку минути и против Лихтенштајн пред неколку дена. Последните информации велат дека Јунајтед го скаутира 19-годишниот играч за врска и подготвува понуда, а зелено светло за такво нешто дава и Бруно.
– Менаџерот на Манчестер Јунајтед е тој што треба да каже дали има место за него во тимот, или не. Тој е фантастичен играч, но не зависи од мене, зависи од идеите на тренерот.
– Тоа што можам да го кажам е дека е фантастичен професионалец и извонредно дете. Ќе има светла иднина каде и да оди. Би сакал да го имам блиску до мене во Јунајтед, бидејќи се работи за играч кој има големи квалитети и светла иднина. На крајот, од него зависи како ќе се развива, јас му посакувам се најдобро како постар колега, – изјави Бруно.
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча