Англија
Бруно за љубовта кон Манчестер Јунајтед уште од мали нозе: Имам фотографија со…
Бруно Фернандеш е главна тема во медиумите во Англија во последниве денови по неговиот Инстаграм разговор со нашиот Марио Ѓуровски.
Најпрво Бруно откри дека се расплакал од среќа кога дознал дека Манчестер Јунајтед се интересира за него, а потоа потврди дека од мал ги следи настапите на Манчестер Јунајтед.
Ѓуровски му кажа дека го сака Јунајтед од времето кога Видиќ играл за клубот посочувајќи му дека поради тоа што потекнува од Македонија и Србија, морал да ги следи настапите на робусниот стопер на „ѓаволите“.
Слична приказна имаше и Бруно кој му потврди дека ги следел настапите на Манчестер Јунајтед поради Кристијано Роналдо и призна дека во еден момент си купил и тренерка од клубот.
– Пораснав во ерата на Сер Алекс Фергусон. Така почна мојата љубов кон Манчестер Јунајтед. Тогаш брат ми навиваше за Барселона, го сакаше Меси. Јас бев за РОналдо и така постојано се каравме поради Меси и Роналдо.
– Се сеќавам кога бевме во Швајцарија каде што работеше татко ми, јас си купив тренерка од Манчестер Јунајтед, а тој од Барселона. Имавме и фотографија со нив, го прашав чичко ми дали ја чува, но не можеше да ја најде. Кога ќе одам во Португалија ќе направам нова фотографија, -искрен беше Бруно.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА14 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА17 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија12 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија13 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија15 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)