Поврзете се со нас

Англија

Бруно воодушевил со херојски чин на летот од Лондон кон Лисабон: Покажа дека и големите ѕвезди се обични луѓе!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Бруно Фернандеш влезе во голгетерска форма под водство на Руд Ван Нистелрој и на најдобар можен начин се подготви за репрезенативниот собир кој следи, но пред да пристигне во Лисабон, капитенот на Манчестер Јунајтед имал и една неочекувана интервенција.

Како што јавува сведок од авионот во кој бил играчот за врска на Јунајтед, Бруно му помогнал на повозрасен човек на кого му се слошило и кој паднал во бессознание, па со својата хумана и херојска реакција брзо помогнал да биде доведен во најдобар ред.

Оваа приказна ја открива Сузана Лосон која била во авионот кој летал од Лондон за Лисабон, па со својата изјава брзо привлече внимание во јавноста.

– Додека авионот леташе во најдобар ред, слушнавме глас кој бараше помош од задните седишта. Тоа беше Бруно Фернандеш. Тој му помагаше на повозрасен господин кој изгледаше дека е онесвестен. Не знам дали комплетно загуби свест, но Бруно алармираше за да му се помогне.

– Позади имаше еден слободен ред и Бруно му помогна на човекот да се раскомоти. Остана позади со нив се додека не му се подобри состојбата. Поминаа пет или десет минути, а потоа се врати на своето место и тоа го направи многу дискретно. Не привлече внимание и тоа навистина ми се допадна, – открива сопатничката од авионот, кој обелоденува дека во леталото бил и Диего Дало.

– По крајот од летот, се погрижив да добијам селфи со него. Каков фантастичен човек, убаво е да се потсетиме дека и познатите ѕвезди се само нормални луѓе. Тоа го заклучив од случајот со Бруно, – додава Англичанката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни