Поврзете се со нас

Англија

Бруно со свој став за бруталната изјава на Аморим: Не сакам да го гледам тоа…

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рубен Аморим беше прилично брутален минатиот викенд и заклучи дека можеби го води најлошиот тим на Манчестер Јунајтед во историјата, сето тоа откако „црвените ѓаволи“ режираа ново разочарување на домашен терен.

Поразот од Брајтон направи да го видиме португалскиот стручњак во досега невидено издание, а бидејќи пораката која ја испрати силно одекна во англиската јавност, истата е актуелна и во најавата за новиот предизвик во Премиер лигата.

Јунајтед нема да има лесна задача денеска на гостувањето кај Фулам, натпревар пред кој капитенот Бруно излезе со свој став за изјавата која ја даде менаџерот на тимот.

– Не сакам да гледам како мојот менаџер кажува одредени работи за тимот, бидејќи цврсто верувам дека не го чувствува тоа. Сигурен сум дека тоа е предизвикано од момент на бес, ние Португалците сме такви. Обично сме брзи на зборови, врела ни е крвта и се излегува од нас многу брзо.

– Во такви тешки моменти после пораз, сум гледал и како најсимирениот човек во светот вика и кажува слични работи на играчите. Кога го велам ова, мислам на Оле Гунар Солскјер. Понекогаш е потребно да употребите и жестоки зборови за да ги мотивирате играчите. Кога вели „најлош тим на Манчестер“, мислам дека тој зборува за позицијата на која сме во моментов. Мора да ја прифатиме реалноста, а таа вели дека Јунајтед е далеку од местото на кое заслужува да биде, ваков клуб не припаѓа на местото на кое е во моментов. Мора да ја прифатиме критиката и да сфатиме дека мора да правиме поголеми работи во клуб со толку голем притисок, – изјави Бруно.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни