Поврзете се со нас

Англија

Бруно со интересно објаснување: Допрва следи најтешкото за мене во Јунајтед

Објавено

на

Бруно Фернандеш експресно брзо успеа да ги освои симпатиите меѓу фановите на Манчестер Јунајтед, но и меѓу фудбалските легенди на овој клуб.

Причина за тоа е енормното влијание кое го имаше врз подобрување на резултатите на тимот од „Олд Трафорд“, кој мора да се напомене дека со него во стартната постава изгледа како друг тим. Фернандеш позитивно влијаеше врз сите свои соиграчи и брзо се претоври во миленик меѓу навивачите, но и самиот тој е свесен дека добриот почетоко мора да биде надограден со константно добри изданија.

Коронавирусот направи да видиме пауза од три месеци на фубалската сцена, а пред враќањето на Премиер лигата, Фернандеш објасно зошто допрва следи најтешкиот период за него.

– Досега одиграв девет натпревари за Јунајтед. Тоа беа навистина добри натпревари, но тоа не е доволно. Допрва следи најтешкиот дел за мене.

– Играчите веќе почнаа да ја препознаваат мојата игра, моите движења, моите пасови. Работите сега стануваат потешки, бидејќи сите знаат што можат да добијат. Мора да се подобрам и да работам уште понапорно. Потешко ќе биде и поради фактот што противничките тимови сега подобро ќе ме познаваат, мора да бидам подготвен за тоа, па и јас да ги запознаам подобро, – нагласи Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни