Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бруно со „бомба“ го смири „пеколот“, Зијеш ја врати неизвесноста во Истанбул (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед набрзина дојде до убедлива предност на незгодното гостување кај Галатасарај и имаше одличен резултат во натпреварот кој директно одлучува за шансите за пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Алехандро Гарначо ја продолжи серијата и по голот со атрактивни ножички против Евертон, вечерва донесе водство за Јунајтед со погодок во 11. минута.

„Пеколот“ на стадионот во Истанбул беше стишан седум минути подоцна, кога Бруно Фернандеш испрати проектил во мрежата на Муслера и ги воодушеви фудбалските фанови.

Сепак, Галата успеа барем да ја намали предноста на гостите и реализираше од слободен удар во 29. минута од натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни