Поврзете се со нас

Англија

Бруно се обврза на верност кон Јунајтед: Немаше да го потпишам овој договор ако не верував во едно нешто!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Бруно Фернандеш се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед на крајот на минатата сезона и во ситуација кога клубот можеше да заврши без трофеј уште една сезона, но освоената титула во ФА Купот внесе позитивни ветришта на „Олд Трафорд“, кои направија да се оттргнат и сите негативни мисли во главата на капитенот.

Португалскиот репрезентативец сигурно е најдоброто засилување на Јунајтед пост-ерата Фергусон, но напорната работа и посветеноста направија да биде и лидер како капитен.

Фернандеш во секој момент ја искажувал сета љубов која ја чувствува кон клубот за кој потпиша пред четири години, а со кој сега се обврза на верност најмалку до 2027-та година.

Манчестер Јунајтед со официјално соопштение потврди дека Фернандеш ставил потпис на нов тригодишен договор, со опција истиот да биде продолжен на дополнителни 12 месеци.

– Сите ја знаат страста која ја чувствувам кон Манчестер Јунајтед. Сфаќам каква одговорност носи облекувањето на овој дрес и знам каква посветеност и желба треба да се има додека се бранат овие бои. Веќе насобрав низа специјални моменти во Јунајтед, слушав како моето име се извикува од Стретфорд Енд, постигнав хет-трик против Лидс, го водев тимот во неколку европски ноќи и подигнував трофеи на „Вембли“.

– Сепак, немаше да го потпишам овој дооговор ако не верував дека допрва следи најдоброто за мене во дресот на Јунајтед. Во разговорот кој го имав со новите лидери во клубот, јасно е колку сите се посоветени да дојдеме до фаза да се бориме за најважните трофеи. Гледам позитивна иднина во клубот и се обврзувам да го водам тимот во правилна насока, – изјави Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни