Поврзете се со нас

Англија

Бруно: Сакам да останам, но Јунајтед мора да ги исполните моите очекувања

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш ќе го предводи Манчестер Јунајтед во утрешното финале на ФА купот, а во својата последна изјава истакнал дека не размислува за заминување и покрај уште една неубедлива сезона на „Олд Трафорд“.

Португалецот дојде од Спортинг во 2020 година, веќе има постигнато 79 голови и во меѓувреме стана нов капитен на Јунајтед.

– Сакам да излегувам на „Олд Трафорд“ повеќе од што било друго во светот.

– Не сакам да заминам, овој клуб секогаш бил мој најважен сон.

– Но, сакам моите очекувања да соодветствуваат со очекувањата на клубот, секој фан го сака истото. Тоа е да се бориме за титулата во Премиер лигата, скаме да играме во Лигата на шампионите, да освојуваме купови, ова е важен стандард кој мора да постои, – рекол Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни