Поврзете се со нас

Англија

Бруно реагираше на заминувањето на Де Хеа: Заслужи да кажеш збогум пред полн стадион

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Давид Де Хеа самиот стави крај на неизвесноста околу неговиот статус во Манчестер Јунајтед, објавувајќи дека го напушта „Олд Трафорд“ и испраќајќи проштална порака до фановите на премиерлигашот.

Шпанецот ќе бара нов предизвик, а во меѓувреме неговиот досегашен соиграч Бруно Фернандеш го истакна незадоволството од начинот на кој Јунајтед го реши ова прашање.

Португалецот се огласи преку Инстаграм, потенцирајќи дека Де Хеа заслужил поинакво простување со клубот во кој настапуваше 12 години.

– Заслужи да кажеш збогум на стадионот полн со навивачи, кои ќе ти заблагодарат за убавите спомени.

– Создаде историја во клубот и твоето име никогаш нема да биде заборавено и тоа никој не може да ти го одземе, – напиша Бруно во своите пораки упатени до Де Хеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни