Поврзете се со нас

Англија

Бруно после еден месец им одговори на Кин и Невил: За нив поважно е да го привлечат вниманието

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш е клучен играч во ростерот на Ерик Тен Хаг и едноставно е незаменлив во стартниот тим на Јунајтед, но како играч со таков статус, најчесто ги добива и најголемите критики кога „ѓаволите“ не ги оправдуваат очекувањата на теренот.

Португалецот посебно беше критикуван и осудуван по срамниот пораз на „Енфилд Роуд“ од 7:0, кога Рој Кин и Гери Невил порачаа дека тој веќе никогаш не треба да ја носи капитенската лента на Јунајтед, особено кога почнал да бара измена при резултат 5:0.

Неговото мавтање со рацете доби различно толкување од многумина, а Кин и Невил имаа жесток заклучок, за кој сега добија одговор после повеќе од еден месец.

– Можам да го разберам тоа што го кажуваат легендите, но не можам да го контролирам. Сите знаеме дека експертите мора да кажат нешто интересно за да си ја задржат својата работа. Колку повеќе лоши работи кажуваат, толку им е посигурна работата.

– Сите мораме да се носиме со тоа, но на мене поважно ми е нешто друго. Ако некој не е среќен од мене, сакам тоа да ми го кажат моите соиграчи, не ми е гајле што се зборува од страна. Работите кои ги кажаа по мечот беа лага. Да, јас ги ширев рацете, но не го кажав тоа што го кажаа. Не барав измена, експертите некогаш кажуваат нешто само колку да кажат. За нив поважно е да го привлечат вниманието од луѓето, отколку да ја кажат вистината, – изјави Бруно за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни