Поврзете се со нас

Англија

Бруно погоди, Њукасл со вредна победа во Лондон за трката за ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NUFC

Фудбалерите на Њукасл во недела ги очекува битка со Ливерпул за трофејот во англискиот Лига Куп, но пред тој предизвик избраниците на Хау го положија последниот испит и запишаа важна победа над Вест Хем во рамките на 28. коло во Премиер лигата.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ се враќа од три бода од Лондон, резултат кој е од огромно значање со оглед на тоа што Њукасл сака да обезбеди место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2024/2025.

Сега има 47 бода и е на шестата позиција зад Манчестер Сити кој има идентичен број на поени на петтото место, ама подобра гол разлика.

Вечерва клучен се покажа Бруно Гимараеш кој се најде на вистинското место во 63 минута. Имено кога Бразилецот ќе постигне погодок тогаш Њукасл скоро секогаш победува што беше случај и оваа вечер.

ОВДЕ погледнете го голот.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни