Поврзете се со нас

Англија

Бруно откри што му кажал на Тен Хаг: Кога еден тренер заработува отказ, тоа значи……

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ремизираше со Челси во дербито на „Олд Трафорд“ и повторно не се израдува на победа во Премиер лигата, сценарио на кое „ѓаволите“ навикнаа во последно време под водство на Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот беше отпуштен по мечот од минатото коло против Вест Хем и привремено е заменет од сонародникот Руд Ван Нистелрој, но веќе добро познато е дека перманентна опција ќе биде Рубен Аморим.

Сите играчи на Јунајтед ќе имаат нова шанса за докажување пред Португалецот, но Бруно Фернандеш како капитен на тимот чувствува голема одговорност за отказот кој го доби Тен Хаг.

– Сите знаеме дека Ерик си замина, а кога еден менаџер си оди, тоа не е добар сигнал за клубот. Тоа значи дека тимот не е добар, тоа значи дека нема добри перформанси. Кога резултатите не се добри, тренерот е тој кој ја плаќа цената. Кога еден тренер заработува отказ, мора да се погледнете во огледало, тоа се случува бидејќи играчите немале добри перформанси.

– Во фудбалот така одат работите. Полесно е да избркате тренер, отколку 15 играчи во првиот тим. Зборував со Тен Хаг по отказот и му се извинив што не направив повеќе за него. Бев разочаран што си оди, се обидував да му помогнам на било каков начин. Не бев добар во последно време, не постигнував голови и чувствувам одговорност. Како и да е, јас секогаш давав 100 проценти за него и сакав да го знае тоа, – изјави Фернандеш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни