Поврзете се со нас

Англија

Бруно откри каква порака добил од Мегваер откако Тен Хаг го остави без капитенската лента

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш официјално го наследи Хари Мегваер како капитен на Манчестер Јунајтед и рано утрово дебитираше со ваквата улога во првиот тим, а за да биде уште поубаво за него, постигна и гол против Арсенал.

Манчестер Јунајтед славеше со 2:0 во пријателскиот тест со премиерлигашот и продолжи со добрите подготовки, но Бруно како нов капитен реши отворено да говори за одговорноста која ја доби, но ја откри и реакцијата која ја имал неговиот претходник.

– Хари Мегваер ми честиташе пред сите и ми порача дека е многу среќен за мене. Ја сфаќам неговата позиција и знам дека ова не е најдобар момент за него, сигурно му е тешко, но сепак ми честиташе и навистина ми е мило за тоа. Отсекогаш сум имал одличен однос со него.

– Тен Хаг ја соопшти одлуката за новиот капитен пред целиот тим. Сакаше да го направи тоа пред сите. Ние знаевме каква е ситуацијата со Мегваер, но никој не знаеше со сигурност кој ќе биде следниот капитен. За мене е голема чест и ова е нешто за што немам сонувано. Ова е над соништата, нависитна сум многу горд и почестен, – потенцира Бруно, кој вели дека како капитен нема да се менува и ќе продолжи да вика и да ги мести своите соиграчи на теренот.

– Мислам дека менаџерот ме избра токму поради тоа, поради тоа што го правев минатата сезона. Ја сака мојата посветеност, ја сака мојата работа на теренот, ја сака мојата дисциплина. Нема потреба да се менувам, ќе бидам оној истиот на теренот, – потенцира Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни