Поврзете се со нас

Англија

Бруно откри каква порака добил од Мадисон по контроверзниот црвен картон

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед приреди нов хорор за своите навивачи на „Олд Трафорд“, бидејќи тимот на Ерик Тен Хаг во ниту еден момент не беше достоен противник за Тотенхем во неделното дерби во Премиер лигата.

Тотенхем целосно го надигра тимот на Ерик Тен Хаг и во ситуација кога силите на теренот беа израмнети, но доминацијата стана уште поизразена откако Бруно Фернандеш заработи црвен картон.

Капитенот на Јунајтед беше испратен на предвремено туширање и се чини дека тоа беше престрога одлука, а такво мислење имал и играчот врз кој Бруно го направи стартот.

Како што открива Португалецот, Мадисон самиот му признал дека стартот нема тежина на исклучување, па затоа одлуката на Кавана и луѓето во ВАР собата беше уште понесфатлива.

– Стартот се случи во ситуација кога изгубив баланс и се лизнав. Не е онака како што сите сакаат да видат. Не одев со крампони на него, го удрив со зглобот и тоа беше чист фаул. Имаше прекршок, но никогаш за црвен картон. Дури и кога Мадисон стана од земја, тој порача дека тој старт никогаш не е за црвен картон. Тоа е она што го кажа самиот противник.

– Ако ова е црвен картон, тогаш треба да гледаме многу други инциденти, имало безброј инциденти во кои сум бил удиран на сличен начин, но никогаш немало црвен картон. Се согласувам дека стартот вредеше за жолт картон, но не знам зошто ВАР не го повика судијата да си ја прегледа одлуката. Тоа беше целосно погрешна одлука, – изјави Бруно.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни