Поврзете се со нас

Англија

Бруно опомена еден себичен соиграч по победата над четвртолигашот: Сите сакаат да постигнат гол на вакви натпревари (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед си ја закомплицира работата на гостувањето кај четвртолигашот Њупорт и мораше да вложи труд за да оствари победа од 2:4, триумф кој беше обезбеден во втората половина од вториот дел.

Јунајтед брзо поведе со 0:2 на оваа средба и се чинеше дека ќе оствари рутинска победа, но како многупати оваа сезона, концентрацијата падна и избраниците на Тен Хаг примија два гола од тимот од Лига 2.

Њупорт се избори за израмнување и налути дел од играчите кои беа на теренот, особено капитенот Бруно Фернандеш кој во неколку наврати имаше бесни реакции кон своите колеги.

На крајот, Јунајтед славеше со 2:4 и се пласираше во следната рунда на ФА Купот, но Бруно не пропушти да го опомене себичниот Гарначо кој при резултат 0:2 не додаде во чиста ситуација да се зголеми водството.

– Мора да „убиваме“ вакви натпревари и да имаме повеќе мир во нас. Во првото полувреме имавме шанси да отидеме на 3:0, но не го направивме тоа. На вакви натпревари кога водите 2:0, одеднаш сите сакаат да постигнат гол, понекогаш не се гледа најдобрата одлука за тимот. Тоа се случи и при една ситуација во првиот дел, – порача Бруно, јасно алудирајќи на Гарначо.

Видеото од акцијата погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни