Англија
Бруно му се отвори на нашиот Марио Ѓуровски: Плачев кога потпишав за Јунајтед
Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски во периодот на пандемијата предизвикана од коронавирусот на својот Инстаграм профил воведе специјална емисија во која ги интервјуира големите фудбалски ѕвезди.
Вчера на ред дојде фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш кој му откри неколку интересни стории на Ѓуровски.
Бруно пристигна во Манчестер Јунајтед во јануари и потпиша пет и пол годишен договор со „ѓаволите“, а сега за прв пат открил дека плачел кога го реализирал трансферот на „Олд Трафорд“.
– Ќе ја кажам вистината, бев уплашен. За мене тоа беше остварување на сонот, ама на оној најголемиот сон.
– Играњето во Англија и за Манчестер Јунајтед е највисокиот дострел во мојата кариера. Да се игра во Премиер лигата, за еден од најдобрите тимови во светот е неверојатно.
– Кога го примив повикот и кога ми кажаа дека имам шанса да се преселам во Манчестер ги побарав жена ми, брат ми, сестра ми и мајка ми и почнав да плачам пред нив. Плачев од среќа. Се борев цел живот за ова, за овој топ клуб. Шансата беше тука и морав да ја зграпчам со двете раце, да го следам мојот сон.
– Моето семејство знаеше дека сакам да бидам фудбалер, тие знаеја дека мојот голем сон беше да играм во Премиер лигата и да играм за Манчестер, -изјави Бруно Фернандеш во шоуто на Ѓуровски.
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата