Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бруно лут по ремито на Јунајтед во Истанбул: Примивме лоши голови

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед одигра атрактивен дуел со Галатасарај, но иако два пати водеше со два гола предност, на крајот мораше да се задоволи со бод од ова гостување во Лигата на шампионите.

Тоа значи дека Јунајтед мора да чека кикс на турскиот клуб во последното коло, за со победа против Баерн да се надева на освојување на второто место во групата.

Капитенот Бруно Фернандеш не го криел незадоволството по ремито, коментирајќи најмногу за начинот на кој Галатасарај реализираше, а два пати го направи тоа од слободен удар и по несигурните интервенции на Андре Онана.

– Навистина е тешко, примивме лоши голови, требаше да имаме контрола во сите ситуации.

– Немам што да објаснувам, примивме два такви гола и сега ништо не можеме да сториме. Очигледно е дека можевме подобро со тие два гола.

– Она што го правиме во Лигата на шампионите не е доволно, мора порано да ја осигураме победата и да ги користиме шансите. Секој треба да преземе одговорност за своите грешки, – истакнал Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни