Англија
Бруно капитенски го заштити Онана по новата катастрофална грешка на голманот (Видео)
Андре Онана ги натера навивачите на Манчестер Јунајтед да подзаборават на неговите киксови со одличните изданија кои ги имаше од стартот на сезоната, но сега во период од неколку дена двапати потсети на својата најлоша верзија.
Голманот на Манчестер Јунајтед прими гол кој не смее да се прими на натпреварот против Нотингем Форест во Премиер лигата, додека денеска со лош избор и катастрофален пас и дозволи на Викторија Плзен да поведе во Чешка.
За среќа на Онана, Бруно Фернандеш и Расмус Хојлунд се погрижија неговата грешка да не биде фатална, па овој двоец се погрижи за пресврт и прва победа на Рубен Аморим на гостински терен како менаџер на Јунајтед.
По натпреварот, Онана повторно е мета на сериозен потсмев на социјалните мрежи за примениот гол, па Бруно реши капитенски да го одбрани и да префрли дел од вината и на Де Лихт.
– Ние сме тие кои сакаме акциите да ни почнуваат од голманот и во такви услови, секој потег треба да биде точен. Онана денеска мислеше дека Де Лихт ќе се приближи кон топката, но на крајот испадна лош пас и тие постигнаа гол. Ова не е грешка на Андре, ова е грешка на целиот тим.
– Тука не гледаме индивидуални грешки, ние продолжуваме да имаме максимална доверба во Андре. Тој е паметно момче и знае дека немаше добар потег, но тој ќе ни помогне на многу натпревари во иднина со квалитетот кој го поседува. Грешките се дел од фудбалот, без грешки, нема да гледаме голови. Најдобра вест е што покажавме истрајност, успеавме да се вратиме и да стигнеме до победа, – изјави Фернандеш.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот