Поврзете се со нас

Англија

Бруно изрежира ремек-дело на тренингот, Мата му ги „исчисти копачките“ (Видео)

Објавено

на

Најавениот рестарт на сезоната во англиската Премиер лига ги разбуди страстите меѓу верните фудбалски фанови, но истото важи и за самите фудбалери кои веќе извесно време работат со полна пареа на тренинзите.

Ливерпул е тимот кој во првите две кола ќе може да ја осигура титулата и да стигне до толку посакуванио трофеј после 30 години, но потоа, до крајот на сезоната, главната битка ќе се води околу тоа кој тим ќе заврши на четвртото место.

Еден од оние кои се борат секако е Манчестер Јунајтед, клуб за кој огромно значење има играњето во Лигата на шампионите, не само поради престижот, туку и поради привлекувањето на важни фудбалери.

Засега, ангажманот на Бруно Фернандеш се покажа како полн погодок и Португалецот може да биде темел на тимот кој ќе се бори за четвртото место до крајот на сезоната, а Португалецот тоа го навести и со последната мајсторија која ја изведе на теренот.

Фернандеш не престанува да воодушевува и на тренинзите, па со своето ремек-дело од слободен удар на тренингот, го импресионираше и Хуан Мата кој немаше проблем да му ги „исчисти копачките“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни