Поврзете се со нас

Македонија

Бруно испрати порака од Катар за јубилејот на Вардар и „Комити“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Вардар како најуспешен фудбалски колектив во нашата земја нема да мирува во периодот кој е предвиден за пауза, бидејќи утре Скопје ќе биде обоено во „црвено-црно“ поради најавениот спектакл по повод двојниот роденден.

Македонскиот великан го слави 75-от роденден од своето постоење, но за фештата ќе бидат задолжени „Комитите“ кои на ист ден ќе го слават својот 35-ти роденден.

Вардар утре ќе игра пријателски натпревар против Железничар и фудбалската треска е резервирана за националаната арена „Тодор Проески“, случување кое со нетрпение го очекува и Стефан Ристовски.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација кој е дете на Вардар со неколку Инстаграм објави најави дека се подготвува за утрешниот настан, но побарал и една услуга од својот добар пријател.

Бруно Фернандеш излезе со порака на која пишува „Македонија за Вардар“, а објавата ја сподели Ристовски преку Инстаграм стори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни