Поврзете се со нас

Светски првенства

Бруно искрен за ситуацијата со Роналдо: И јас би бил лут…

Објавено

на

Португалија избори пласман во четвртфиналето на СП со убедлива победа над Швајцарија, а натпреварот го реши во своја корист и без резервистот Кристијано Роналдо.

Одлуката на селекторот Фернандо Сантош предизвика многу реакции, а се совпадна со неговото незадоволство од однесувањето на првата ѕвезда на претходниот дуел.

Бруно Фернандеш е единствениот португалски репрезентативец кој по средбата отворено зборувал на оваа тема.

– Дали мислите дека има фудбалер кој не би бил лут ако остане на клупата? Сигурен сум дека Роналдо нема да биде среќен, ако јас останам на клупата, ќе го чувствувам истото.

– Мислам дека луѓето не треба да зборуваат за Кристијано и зошто тој не играл, бидејќи кога победуваме со него во составот, никој не зборува за тоа. Кога Кристијано игра и ние губиме, сите зборуваат за тоа. Тој е најпознат фудбалер и спортист во светот, ја врши својата работа и среќен е поради пласманот во следната фаза, – изјавил Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни