Поврзете се со нас

Англија

Бруно импресиониран од физичката трансформација на ѕвездата која имаше лоша прва сезона во Јунајтед

Објавено

на

Бруно Фернандеш се подготвува за новата натперварувачка сезона како сите останати соиграчи во Манчестер Јунајтед, па сега е еден плус во изборот на Оле Гунар Солскјер откако имаше задоцнето враќање поради продолжената сезона на Европското првенство.

Португалецот се очекува одново да биде клуч во играта во средниот ред на „црвените ѓаволи“, но за разлика од досега, тимот ќе располага и со дополнителен талент, искуство и квалитет со засилувањата кои пристигнаа.

Џејдон Санчо и Рафаел Варан дополнително ги подигнаа очекувањата кај фановите на клубот од „Олд Трафорд“, но во своето последно обраќање за официјалната телевизија на клубот, Бруно проговори и за трансформацијата на еден фудбалер кој напорно работел во соблекувална во последните неколку месеци.

Станува збор за огромното засилување од минатата година, Холанѓанецот Дони Ван де Бек кој по прескромната прва сезона во Премиер лигата, решил да работи на физичко зајакнување и стекнување мускулна маса.

– Како професионален фудбалер, секогаш работите напорно во една пресезона, но и пред да се вратите на тренинзите. Доста фудбалери работат дома и среќен сум што гледам дека и мои соиграчи го правеле тоа. Се тренира многу напорно и тоа може да се забележи. Од тоа што го видов и го гледа, Дони Ван де Бек работи многу напорно и силно во теретаната. Тој е еден од најквалитетните технички играчи, а сега го билда и физичкиот дел и изгледа доста поинаку, – тврди Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни