Поврзете се со нас

Англија

Бруно и Хојлунд режираа магија на „Олд Трафорд“, Јунајтед го покажа своето најдобро лице против Брентфорд (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед без никаков сомнеж ги одигра најдобрите 45 минути во тековната натпреварувачка сезона, а тоа беше повеќе од доволно да направи пресврт против жилавиот Брентфорд кој често знае да биде незгоден за фаворитите.

Иако Јунајтед диктираше и во првиот дел, Брентфорд пред паузата погоди по еден корнер преку Пинок и поведе со 0:1, но потоа во второто полувреме како да се појави еден друг тим на Јунајтед, кој со сите сили тргна по пресврт.

Одличниот центаршут на Рашфорд и извонредната реализација на Гарначо беа одлучувачки за израмнувачкиот гол (1:1), но главната магија на „Олд Трафорд“ ја видовме во 62-та минута.

Бруно Фернандеш со генијална пета го проигра својот соиграч од нападот и Хојлунд ја комплетираше акцијата со шмекерски лоб, па оваа акција предизвика вистинска еуфорија на театарот на соништата.

Блесокот во првите 20 минути од вториот дел беше доволен за пресврт и победа од 2:1, што е прв триумф за тимот на Ерик Тен Хаг по паузат од пет натпревари.

Голот за 2:1 погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни