Поврзете се со нас

Англија

Бруно го избра најдобриот тренер во светот и со своите комплименти ги налути фановите на Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш ја доби капитенската лента од Ерик Тен Хаг и оваа сезона е лидер на Манчестер Јунајтед во секоја смисла на зборот, но фановите на овој клуб сега на големо делат критики за Португалецот поради интервјуто кое го направил во својата родна земја.

Углдната „А Бола“ објави ексклузивен разговор со искусниот играч за врска во кој тој зборува за двајцата менаџери кои ги одбележаа последните години во Премиер лигата, а бидејќи станува збор за лути ривали, навивачите на Јунајтед не се баш најимпресионирани од неговите комплименти.

Бруно вели дека Пеп Гвардиола е убедливо најдобриот тренер во светот, но навистина големо мислење има и за Јирген Клоп кој најави дека си заминува од Ливерпул на крајот од сезоната.

– Кога зборуваме за Пеп, зборуваме за најдобриот тренер во светот. Тоа треба да се каже без ронка сомнеж. Во последните неколку години, тој е најдобриот тренер во светот. Најверојатно тој е тренерот кој најмногу го промени фудбалот, во денешно време сите сакаат да бидат како Гвардиола. Сите тимови од прва и втора лига сакаат да играат како Манчестер Сити, сакаат да ја копираат динамиката која ја има тимот на Гвардиола. Тоа не треба да се крие, – вели Бруно и додава.

– Тоа што добивам комплименти од него е нешто посебно и спектакуларно за мене. Навистина го ценам како тренер и за мене тој е убедливо најдобар тренер во светот.

– Клоп? Јирген исто така е еден од тренерите кои најмногу ги ценам, посебно порати интензитетот кој го носи со себе, страста која ја има за фудбалот. Често се препознавам во него со емоциите кои ги прикажува. Тој е човекот кој ја промени динамиката на Ливерпул, донесе надеж во клубот. Освои големи титули, Премиер лигата, Лигата на шампионите, но сметам дека најголема награда ќе му биде тоа што го донесе за клубот од друга гледна точка. Зборувам за страста, за динамиката, се погрижи Ливерпул повторно да размислува шампионски и тоа е нешто што никој нема да може да му го одземе. Клоп е тренер кој влијае врз мене, влијае мојата страст за фудбалот да биде уште поголема, – признава Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни