Поврзете се со нас

Англија

Бруно го испофали неочекуваниот стартер на Јунајтед: Тој беше играч на мечот, а не Гарначо! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед врза трета победа во низа и влезе во навистина добра серија во Премиер лигата, откако денеска доста уверливо славеше на гостувањето на „Гудисон парк“.

Ерик Тен Хаг го гледаше својот тим од трибините поради суспензија, но можеше да биде задоволен од тоа што го виде, започнувајќи од ремек-делото на Гарначо, продолжувајќи со останатите два гола на Рашфорд и Марсијал, а завршувајќи со целокупното издание на најголемото изенандување.

Коби Маину имаше дебитантски старт во Премиер лигата и направи истиот да се памети по брилијатното издание, за кое по натпреварот доби сериозни пофалби и од Бруно Фернандеш.

Капитенот на Јунајтед заклучи дека наградата за најдобар играч на мечот не требала да заврши кај Гарначо, од едноставна причина што истата повеќе ја заслужил 18-годишниот играч за врска.

– Не мислам дека ја заслужува, но ќе му ја дадам наградата. Најмногу поради голот, – изјави Бруно, кој потоа за „Би-Би-Си“ ја даде следната изјава.

– Коби имаше извонреден меч, за мене беше најдобар играч на теренот. Фантастични перформанси, сигурен беше на топка и немаше ниту еден погрешен потег. Секогаш е подготвен да помогне, за негова возраст поседува неверојатен квалитет, – изјави Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни