Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бруно Фернандеш се огласи по шокантната елиминација на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите

Објавено

на

Манчестер Јунајтед доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите откако не успеа да одигра реми или да победи на гостувањето во Лајпциг кај тимот на Ред Бул.

Фудбалерите на „ѓаволите“ не можеа да се соземат од шокот и ретко излегуваа со коментари пред медиумите или на социјалните мрежи.

Два дена по елиминацијата, коментар даде миленикот на фановите на Манчестер Јунајтед и единствениот играч кој не е критикуван од овој тим, Бруно Фернандеш.

Португалецот преку својот Инстаграм профил упати јасна порака дека не биле на нивото на најважниот сезонски натпревар нагласувајќи дека тоа не смее да се случи кога играш за еден од најголемите светски клубови.

– Не бевме доволно добри. Мора да бидеме многу подобри кога претставуваме вака голем клуб, особено кога ќе играме во Лигата на шампионите против големи тимови, -напиша Бруно Фернандеш на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruno Fernandes (@brunofernandes.10)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни