Поврзете се со нас

Лига Европа

Бруно: Еден играч на Рома не можеше да стои при крајот на мечот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед повеќе од веројатно ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе патува во големото финале во Лигата на Европа уште во првата полуфинална пресметка со Рома, бидејќи изрежира сензационален пресврт со кој си обезбеди огромна предност пред реваншот во Италија.

Јунајтед губеше со 1:2 по првите 45 минути, но потоа даде дури пет гола во мрежата на гостинскиот состав и победи со неверојатни 6:2 во лудата европска голеда на „Олд Трафорд“. Рома доживеа вистински дебакл во вториот дел, но покрај ужасната игра, лоша вест за тренерот Фонсека беше тоа што не можеше да направи ниту една корекција во овој период.

Предводникот на Рома беше принуден да изврши три измени во првото полувреме поради повреди, по што остана без право да изврши дополнително во продолжението.

– Започнавме добро, креиравме шанси и постигнавме гол, а потоа примивме два преку контри. Најважно е што останавме мирни и го направивме тоа што најдобро го знаеме во вториот дел. Ја задржавме топката во наши нозе, ја движевме брзо и креиравме добри шани. Не дозволивме да не совлада тензијата, иако не очекувавме Рома да игра толку високо.

– Бевме многу подобри во второто полувреме, бевме попрецизни меѓу линии со пасовите и пронајдовме простор. Сепак, мора да се признае дека Рома немаше воопшто среќа, загуби три фудбалери поради повреда и тоа ги остави без ротација. Еден играч не можеше да стои при крајот. Амаду Диавара беше комплетно преморен, не можеше да трча воопшто, но немаше друг избор откако неговиот тренер остана без право за измени, – изјави Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни