Поврзете се со нас

НБА

Бруклин подготвува уште една НБА „бомба“: Нетси се сериозни во намерата да станат шампиони!

Објавено

на

blank

Блејк Грифин денеска го раскина договорот со Детроит Пистонс откако на изминатите десет натпревари не одигра ниту една минута, но неколку часа по потврдата на оваа вест, се појавија сериозни гласини од страна на најпознатите новинари во Америка.

Адријан Војнаровски и Шемс Чаранија обично се водечки со своите ексклузиви за случувањата во НБА лигата, а токму тие најавуваат дека шесткратниот учесник на Ол стар натпреварите ќе биде новата „бомба“ на амбициозните Нетси.

Откако Бруклин го договори и доведе Џејмс Харден и состави пеколно трио со него Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, оваа франшиза сега е главен фаворит за постигнување договор со Грифин.

Поранешниот играч на Клиперси има понуди и од Голден Стејт, Мајами и Портланд, но претпоставките на двајцата НБА инсјадери се дека тој ќе заврши во шампионскиот проект на Бруклин.

Нетси се сериозни во намерата да го детронизираат Лос Анџелес Лејкерс од врвот, а доколку го доведат и Грифин, ќе поседуваат навистина огромни ресурси за да направат такво нешто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни