Поврзете се со нас

НБА

Бруклин победува и без најдобрите: Ги нема Дурант и Харден, но тука е Ирвинг (Видео)

Објавено

на

Бруклин се навикна да игра без добар дел од најголемите ѕвезди во последно време, но дури и во таква ситуација, Нетси обично победуваат, или пак претрпуваат тесни порази во НБА лигата.

Стив Неш изминатава вечер имаше навистина кратка ротација бидејќи дури седум играчи не му беа на располагање, но и без Кевин Дурент и Џејмс Харден, јасно е дека Бруклин има доволно добри ресурси за да се бори против останатите тимови во американската кошаркарска лига.

Нетси стигнаа до 39-та сезонска победа на гостувањето кај Њу Орлеанс, откако остварија триумф над Пеликаните од 129:134 во еден возбудлив и атрактивен натпревар со многу поени.

Во отсуство на Дурант и Харден, Кајри Ирвинг одново ја презема одговорноста и со 32 поени и 8 асистенции беше лидер во својот тим, но имаше огромна помош и од Херис со 24 и Шемет со 18 поени.

Кај Пеликаните кои го претрпеа четвртиот последователен пораз, традиционално најдобар беше Зајон со 33 поени, 7 скокови и 4 асистенции.

На останатите четири средби, Аталанта очекувано го победи Орландо со 112:96, Њујорк на домашен терен беше подобар од Шарлот (109:97), Клиперси тесно славеа на гостувањето кај Портланд со 112:113, а гостинска победа оствари и Минесота над Сакраменто (120:134).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни