Поврзете се со нас

НБА

Бруклин му зема мерка и на вториот тим од Лос Анџелес, Адетокумбо и Мидлтон како Џордан и Пипен (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Бруклин Нетс без Кевин Дурент оствари уште една победа против клубовите од Лос Анџелес, односно по Лејкерс падна и Клиперс кој во „Стејплс Центарот“ беше совладан со 112-108.

Гостите уште еднаш потврдија дека се супер квалитетен состав кој ќе игра важна улога во НБА лигата во оваа сезона, па со тимска игра во кој пет играчи беа двоцифрени дојдоа до шестиот триумф во низа.

Харден со дабл-дабл од 37 поени и 11 скокови на кои додаде 7 асистенции беше најдобар поединец, одлична поддршка беше Ирвинг со 28 поени и 8 асистенции.

Кај домаќините Џорџ и Ленард се истакнаа со 34 и 29 кошеви, меѓутоа ѕвездите немаа помош од останатите за да се оствари поволен резултат.

Милвоки Бакс го потврди статусот на фаворит и славеше над Сакраменто Кингс со 128-115. Дуелот го одбележаа Адетокумбо и Мидлтон кои заедно искомбинираа 70 поени, 26 скокови, 10 асистенции и погодија 22 слободни фрлања со што станаа првото дуо по легендарните Мајкл Џордан и Скоти Пипен кои имале вакво учинок на пресметка во најсилната лига на светот.

Резултати:

Њу Орлеанс – Бостон 120:115
Кливленд – Оклахома 101:117
Њујорк – Минесота 103:99
Орландо – Детроит 105:96
Торонто – Филаделфија 110:103
Атланта – Денвер 123:115
ЛА Клиперс – Бруклин 108:112
Милвоки – Сакраменто 128:115

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни