Поврзете се со нас

НБА

Бруклин донесе уште еден Ол-стар играч во своите редови

Објавено

на

Тимот на Бруклин Нетс е сериозен во намерата да ја нападне титулата во НБА лигата, а за тоа говорат низата на потези кои беа повлечени, но и се уште се влечат во актуелнава сезона.

Прво на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг беше додаден Џејмс Харден за да пред некое време како слободен играч во Нетс пристигне Блејк Грифин. Сега пак информациите од САД говорат дека Бруклин го обезбедил потписот на центарот ЛаМаркус Олдриџ кој пред некое време ја заврши соработката со Сан Антонио Спарс.

За седумкратниот учесник на Ол-стар натпреварите заинтересирани беа најдобрите клубови на Западот и Истокот, а на крај неговиот избор беше да им се приклучи на Дурент, Кајри, Харден и компанија.

Олдриџ со години е еден од најдобрите, најквалитетните играчи на својата позиција во лигата, сезонава одигра 21 натпревар на кој имаше просек од 13.7 поени, 4.5 скокови со шут од поле од 46.4 проценти.

Севкупно пак во 15 сезони во НБА во тимовите на Портланд и Сан Антонио има учинок од 19.4 поени и 8.3 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни