Поврзете се со нас

НБА

Бруклин донесе одлука за Ирвинг, НБА ѕвездата оди на принудна пауза

Објавено

на

Одбивањето на Кајри Ирвинг да се вакцинира го доведе во ситуација да ги пропушти подготовките за НБА сезоната која започнува наскоро, а според најновите информации, неговиот клуб Бруклин донел одлука која нема да и се допадне на големата ѕвезда.

Постоеше можност Ирвинг да ги игра натпреварите на гостински терен и тоа во арените каде не е потребна вакцина за влез, но во Нетс велат дека не планираат такво нешто.

– Кајри го направи својот личен избор кој ние го почитуваме.

– Но, тој избор го спречува да биде целосно дел од екипата и ние нема да му дозволиме да игра само на одредени натпревари.

– Хемијата во еден тим се постигнува кога се работи напорно и секојдневно и сите кошаркари ќе бидат фокусирани на нашата цел, а тоа е освојување на титулата, – изјавил генералниот менаџер Шон Маркс.

Ирвинг без вакцина ќе пропуштеше најмалку 45 натпревари од регуларниот дел на сезоната која за Бруклин започнува на 19. октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни