Поврзете се со нас

НБА

Бруклин договори двајца ветерани за завршниот турнир во Орландо

Објавено

на

Тимот на Бруклин Нетс е еден од составите кој ќе биде дел од завршниот турнир во НБА лигата, односно ќе биде дел од групата на клубови кои ќе ја завршат, комплетираат оваа сезона во Орландо, Флорида.

Меѓутоа Бруклин нема да може да смета на многу играчи поради различни причини, па така во „аут“ се Динвиди, Принс, Џордан, Чендлер, плус одамна е познато дека недостани се ѕвездите Дурент и Ирвинг што значи Нетс се фрлија во акција да донесат нови имиња и изборот падна врз двајца добро познати ветерани.

Американските медиуми пренесуваат оти Џамал Крафорд кој има 40 години се договори со Бруклин, а на добар пат тоа да го направи е и Мајкл Бизли.

Крафорд последен пат во НБА играше во сезоната 2018-19 во дресот на Феникс Санс каде имаше просек од 7.9 поени и 3.6 асистенции.

Бизли пак лани го носеше дресот на ЛА Лејкерс и од клупата за резерви имаше просек од 7 поени и 2,3 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни