Поврзете се со нас

Италија

Брозовиќ со цигара и пиво го прослави успехот на Интер во Купот на Италија (Фото)

Објавено

на

Екипата на Интер во текот на вчерашниот ден стигна до нов успех откако го освои трофејот од Купот на Италија по драматичната победа над Јувентус.

„Нероаѕурите“ со 4:2 беа подобри од својот голем ривал, а победникот беше познат по продолженијата откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (2:2).

Јасно беше дека по церемонијата за доделување на признанијата ќе следи голема забава во соблекувалната на „Олимпико“, а сега почнаа да излегуваат и фотографии од истата.

Најголемо внимание привлече онаа на која се наоѓаат Марсело Брозовиќ и третиот голман на Интер, Алекс Кордаз со цигара во уста и пиво во рака.

Хрватот беше дел и од втората слика која привлече внимание, а на која се неколку играчи на Интер кои пушат пури и држат пива во своите раце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни