Карате
Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на Светската карате лига
Петар Заборски од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на третата позиција на исклучително силниот турнир од Светската Карате 1 серија во Ларнака. Претставникот на скопската екипа, кој пред една недела освои бронза и на Балканскиот шампионат во Тирана, на собирот од премиер-лигата се закити со одличје во категоријата до 75 килограми.
Во борбата за трето место, тој го победи Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.
Вториот член на „Макпетрол“ кој се бореше за бронзен медал, Стефан Стојановиќ, беше поразен од Махди Ашури од Иран со 1-5. Младиот македонски каратист од неодамна се натпреварува во сениорска конкуренција иако е јуниор (У21). Стојановиќ од Ларнака замина со освоено петто место.
Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ, исто така каратисти на „Макпетрол“, остварија високи пласмани на првиот ден од турнирот. Мојсовска се пласира на седмото место, а Божовиќ ја освои деветтата позиција.
Премиер карате-лигата, А серија, е глобално натпреварување што на каратистите од целиот свет им овозможува да ги демонстрираат своите квалитети на највисоко ниво. Турнирот има отворен формат, што значи дека секој спортист има право на учество. На овие турнири каратистите имаат можност да ја подобрат својата позиција на светското рангирање во овој спорт.
На собирот од Карате 1 Серија А во Ларнака настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор