Поврзете се со нас

НБА

Брони испорача прв двоцифрен ефект, Кари заработи незгодна повреда (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс немаше сили да му се спротивстави на Милвоки на домашен терен без голем број важни играчи во ростерот, а натпреварот ќе биде запаметен по првиот двоцифрен ефект на Брони Џејмс во НБА лигата.

Синот на ЛеБрон добро ја искористи минутажата и го заврши натпреварот со 17 поени, 5 асистенции и 3 скокови, а ист реализаторски ефект имал и Кнехт.

На овој дуел покрај Џејмс сениор, не настапија и Дончиќ, Ривс, Хачимура, Фини-Смит и Вандербилт.

Адетокумбо со 28 поени го заврши натпреварот како најдобар поентер, а го следеа Трент и Кузма со 23, односно 20 поени.

Голден Стејт победи пред своите фанови против Торонто, но Стеф Кари мораше да замине директно во соблекувална по еден незгоден пад, завршувајќи го дуелот со 17 поени.

Шарлот – Њујорк 115:98
Индијана – Бруклин 105:99 (п)
Голден Стејт – Торонто 117:114
Сакраменто – Чикаго 116:128
Л.А Лејкерс – Милвоки 89:118

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни