Поврзете се со нас

НБА

Брони Џејмс не се прослави на дебито во дресот на Лејкерс (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс му ја исполни желбата на Леброн Џејмс и го ангажираше неговиот син Брони, што значи дека пред нас е историска сезона во НБА лигата.

За првпат во најсилната кошаркарска лига во светот, татко и син ќе бидат дел од ист тим и ќе играат заедно на теренот, но пред да дојде до тоа, Брони утрово го имаше дебито како член на „езерџиите“.

Лејкерси загубија од Сакраменто во летната лига која е стандарден дел од подготовките за НБА лигата, па Брони доби шанса уште на стартот и се очекува овој период да биде клучен за него.

Младиото Џејмс не се прослави на своето деби во жолтиот дрес и постигна само четири поени, но придодаде и два скока и две асистенции.

Брони имаше лош процент на шут и погоди само два од девет обиди, а неговиот тим на крајот загуби со резултат 108:94.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни