Формула 1
Бривио официјално го замени Мото ГП со Формула 1 и ќе го води тимот на Алпин

Ребрендираниот Формула 1 тим на Рено кој во новата сезона ќе го носи името на автомобилскиот бренд Алпин, денеска официјално го потврди ангажманот на Давиде Бривио.
Италијанецот е поставен за нов спортски директор на тимот и во раководната хиерархија ќе му одговара на новиот извршен директор Лорен Роси.
Пристигнувањето на Бривио во Формула 1 е посебно интересно бидејќи тој го изгради своето реноме во Мото ГП, каде последната сезона го предводеше тимот на Сузуки, кој ја освои титулата предводен од Жоан Мир. Не помалку важно, Бривио е познат како архитект на успесите на Валентино Роси со Јамаха, а соработуваше со Италијанецот и во Дукати.
Сега Бривио ќе се обиде да го одведе Алпин кон врвот на Формула 1, а засега не е познато кој ќе биде нов тимски шеф. Заминувањето на Сирил Абитебул го испразни ова место, а шпекулациите се дека позицијата е резервирана за Марсин Будковски.
Алпин ќе има и нов возачки тандем во 2021 година, а ќе го сочинуваат Естебан Окон и Фернандо Алонсо.

- Италијапред 17 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 16 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 15 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 18 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 13 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 15 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 14 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 13 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч