Британските скелетон олимпијци обвинети од ривалите за нелегална хај-тек предност

skeleton-gb

Најдобрите времиња на тренинзите го запалија алармот кај ривалските репрезентации, кои ја обвинија скелетон олимписката селекција на Велика Британија дека има недозволена предност поради специјалните костими кои ги употребува на натпреварите во Пјонгчанг.

Се работи за технолошки напредни тенки костими кои успеваат да го намалат коефициентот на отпор на воздухот, а со својата аеродинамичност носат важна предност во дисциплина како скелетон каде натпреварувачите се движат со голема брзина и со главата многу блиску до мразот.

Најгласни во протестите биле американските репрезентативки, но Интернационалната боб и скелетон федерација одржала вонреден состанок со сите капитени, по што британската репрезентација сепак добила зелено светло да настапува со иновативните костими кои според одговорните немаат ништо нелегално на себе.

Интересно, секој костим е рачно изработен откако телата на олимпијците се скенирани со 3D технологија и потоа секој од нив добива идеална композиција. Предноста во однос на аеродинамиката е постигната со тоа што елементите се вметнати во костимите, а не над или под нив како што е забрането со правилата.

Facebook Коментари