Британска пливачка легенда откри дека е геј

Mark-Foster

Легендарниот британски пливач, Марк Фостер, во интервју за весникот „Гардијан“ откри дека е геј. Со тоа, 47-годишниот Фостер е уште едно познато спортско име кое отворено зборува за својата сексуална ориентација, нешто што не можел да го направи за време на кариерата.

Фостер има шест светски титули, а беше и знаменосец на британската делегација на Олимписките игри во 2008 година кои се одржаа во Пекинг.

– Долго време вистината ми правеше притисок, одложував, но решив дека е момент во кој треба да го направам тој чекор, – изјавил пливачот кој настапи на пет летни олимпијади. По завршувањето на кариерата тој беше стручен коментатор на „Би-Би-Си“, а таблоидите шпекулираа дека е во врска со поранешната пливачка Ребека Адлингтон, за што тој сега вели дека не можел да го демантира во тие моменти, иако неговата колешка знаела дека е хомосексуалец.

Facebook Коментари