Британецот Томас триумфираше на Тур де Франс

geraint-tomas

Британскиот велосипедист Гераинт Томас е победник на велосипедската трка Тур де Франс која заврши денеска во француската престолнина Париз.

Членот на „Тим Скај“ стана трет Британец кој победил на најпрестижната трка во светот, а тоа му успеа откако без проблеми ја задржа предноста во рамките на последната етапа.

На истата победи Норвежанецот Александер Кристоф, додека во генералниот пласман Томас го обезбеди првото место пред Том Димулин кој доцнеше 1:51 минути, односно минатогодишниот победник Крис Фрум мораше да се задоволи само со третото место.

Facebook Коментари